Рим размислува да воведе „фонтанарина“

Рим размислува да го ограничи пристапот до Фонтана ди Треви, еден од нејзините најпосетувани споменици, пред очекуваниот пораст на туристи следната година, велат градските власти.

Италијанската престолнина се подготвува да биде домаќин на Светата година или Црковниот јубилеј, римокатолички настан кој трае една година, кој се очекува да привлече 32 милиони туристи и аџии во 2025 година.

Според нацрт-предлогот, за посета на фонтаната ќе биде потребно да се резервира едно од однапред одредените времиња, а на ограничен број луѓе ќе им биде дозволен пристап до скалите околу споменикот.

„Размислуваме да го направиме бесплатно за жителите на Рим, а од оние што не се жители (на градот) ќе им биде побарано симболичен придонес, едно или две евра“, изјави советникот за туризам на Рим Алесандро Онорато за весникот Il Messaggero објавен во четвртокот.

Во средата, градоначалникот Роберто Гвалтиери ги нарече мерките за ограничување на бројот на туристи „многу конкретна можност“.

„Ситуацијата кај Фонтана ди Треви станува сè потешка за управување“, изјави тој за новинарите.

Други градови се соочуваат со протести поради проблемите предизвикани од таканаречениот прекумерен туризам, вклучително и Барселона и Венеција, каде локалните власти оваа година испробаа програма за наплата на посетителите за влез во градот.

Фонтана ди Треви, каде според традицијата посетителите фрлаат паричка за да го гарантираат нивното враќање во Рим и исполнувањето на нивните желби, долго време е главна атракција, дури и за светските лидери кои го посетуваат градот.

Тагови
реклама

Живот

Бела жена во САД роди црно дете: При вештачко оплодување била направена замена на примероците

Read more

Ослободете се од мувлата и непријатните мириси од машината за перење

Read more

Како да заштедите пари за летен одмор?

Read more

Печурките можат да останат свежи до 7 дена со едноставен начин на складирање

Read more
 

Магазин

Бела жена во САД роди црно дете: При вештачко оплодување била направена замена на примероците

Читај повеќе

Ослободете се од мувлата и непријатните мириси од машината за перење

Читај повеќе

Мистериозната танчувачка епидемија на Стразбур од XVI век

Читај повеќе

Три брачни совети кои треба да ги избегнувате во кризни ситуации

Читај повеќе

Болката и промените во стапалата можен знак за недостаток на важни хранливи материи

Читај повеќе
  • play_arrow

Американска храна што е забранета во други земји

Читај повеќе

Свински медалјони со печурки во зеленчуков сос

Читај повеќе

Алкохолот предизвикува најмалку седум видови рак

Читај повеќе

За кои сексуални проблеми луѓето најретко бараат помош?

Читај повеќе