Римејкот на „Fresh Prince Of Bel-Air“ е во подготовки и не е каков што очекувате

Сите добро се сеќаваме на комичната серија „Fresh Prince Of Bel-Air“ од 90-тите со која се прослави Вил Смит.

Веста дека се подготвува римејк ги израдува фановите на култната серија ширум светот, но и самиот Смит.

За проектот веќе се прегоара со бројни стриминг платформи, вклучувајќи ги HBO Max и Netflix, а Смит наводно ќе биде еден од извршните продуценти, објавија угледните Hollywood Reporter и Variety.

Во оригиналната серија, што се прикажуваше од 1990 до 1996 година, тинејџерот Вил на инсистирање на мајка му ќе замине да живее со неговата тетка Вивијан и нејзиното семејство во елитната населба Бел Ер, Калифорнија, каде ќе се соочи со еден сосема поинаков начин на живот.

Во шесте сезони и кратките 148 епизоди, Смит и останатата актерска екипа создадоа одлична комична серија која допре до различни типови на гледачи.

Според Fox News, дејството во римејкот ќе биде сместено во денешно време, епизодите ќе траат по 60 минути, но жанрот нема да биде комедија.

Дали ова значи дека конечно ќе се реализира визијата за мрачна и сурова драма на Морган Купер? Режисерот лани во март го објави неговиот „трејлер“ за „Bel-Air“ во кој нуди еден мрачен приказ на оригиналната приказна.

Дејството во фиктивната серија се случува во денешно време и ги опфаќа темите на насилство меѓу банди, полициска бруталност, класна нееднаквост и расна поделба.

„Како повеќето деца од 90-тите, израснав гледајќи го Fresh Prince“, напиша Купер на Twitter лани, кога го објави трејлерот што го снимал шест месеци.

URL

„Дури и кога бев дете, секогаш сметав дека има многу повеќе во таа приказна... па решив да го направам ова.“

Тој е сценарист, режисер и снимател на трејлерот.

Неговата идеја беше прифатена со голем ентузијазам на Twitter, чии корисници уште тогаш веднаш го „тагнаа“ Netflix и покажаа дека имаат огромна желба да го видат ова сценарио во ТВ-серија или филм.

Дали вие би ја гледале оваа верзија на приказната?

реклама

Мажите во овие хороскопски знаци ќе ве разочараат во кревет

Read more

Фитнес експерт до почетници во вежбањето: Учете од моите грешки

Read more

Паднаа Facebook и Instagram – дали забележавте проблеми?

Read more

Ова се десетте најпаметни трансфери направени летово

Read more

Филм & ТВ

„Good Morning, Verônica“ - нова крими драма на Netflix за изопачен сериски убиец

Read more

Почнува 19. Синедејс – Цело Скопје ќе биде кино на отворено

Read more

Мадона режира биографски филм за нејзиниот живот

Read more

Netflix направи документарец за „финиот убиец“ кој ја потресе Америка

Read more

Сцена

Колкупати „Metallica“ гостувала во секоја земја?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Good Morning, Verônica“ - нова крими драма на Netflix за изопачен сериски убиец

Читај повеќе

Почнува 19. Синедејс – Цело Скопје ќе биде кино на отворено

Читај повеќе

Мадона режира биографски филм за нејзиниот живот

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix направи документарец за „финиот убиец“ кој ја потресе Америка

Читај повеќе
  • play_arrow

„Emily in Paris“ – нова Netflix серија од креаторите на „Sex and the City“

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 филмови каде светот навистина се уништува

Читај повеќе
  • play_arrow

10 причини зошто „Dune“ ќе биде најдобриот научно-фантастичен филм на деценијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за „Mulan“

Читај повеќе