Рио 2016: Мaестрална најава за Летните олимписки игри
Иако заврши европското првенство во фудбал и тенискиот шампионат Вимблдон, сè уште не е крај на спортското лето - За помалку од месец почнуваат Летните олимписки игри.
Британската BBC, една од телевизиите што ќе го пренесуваат ова спортско случување, објави маестрален трејлер како најава за Олимпијада, што ќе се случува во периодот 5-21 август во Рио де Женеиро, Бразил. Анимираното видео вклучува атлети, но и диви животни како изведуваат различни олимписки спортови.