Бразилскиот репрезентативец сѐ уште не ја преболел елиминацијата од Хрватска во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, па дури и ја шокираше јавноста со изјавата за овој, за него, крајно немил настан.

Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство 2022 во Катар го исфрли Бразил по подобро изведување пенали, иако Бразилците прво поведоа со голот на Нејмар во продолженијата од двапати по 15 минути. Бруно Петковиќ израмни пред самиот крај и го однесе натпреварот во продолженија.
Ришарлисон, кој на клупски план настапува за премиерлигашот Тотенхем, во изјава за ESPN се осврна токму на овој пораз.
„Беше тоа тежок удар. Мислам дека е потешко отколку да се загуби член на семејството“, Бразилецот направи изненадувачка споредба.
„Опоравувањето беше тешко. И денес ме обзема тага кога ќе сретнам инсерти од натпреварот на социјалните мрежи. Но, мораме да продолжиме понатаму. Јас сѐ уште сум млад, ќе имам уште една или две шанси на Светско првентсво. Ќе продолжам да работам, головите ќе си дојдат, а тоа е она што знам да го правам на теренот“.
И покрај испаѓањето на Бразил, Ришарлисон имаше прилично добар турнир. Постигна два гола, а оној првиот, полуножичките против Србија, беше прогласен за најубав гол на Мундијалот. Сепак, тоа му е слаба утеха.
„Нашата цел беше да станеме прваци. Постигнав прекрасен гол, но тоа не беше мојата цел. Сакавме да го подигнеме пехарот. Но, да, среќен сум што го постигнав голот бидејќи така многу луѓе ме запознаа. Тоа беше важен гол за мојата кариера“, заврши Ришарлисон џи Андраде.
Пред Мундијалот, Бразил важеше за еден од најголемите фаворити за освојувањето на Божицата на ФИФА, што за оваа репрезентација ќе беше шести трофеј светски шампион.