„Рисовите“ под маски летнаа за Тбилиси
Македонската фудбалска репрезентација од скопскиот аеродром денеска полета за главниот град на Грузија каде утре го игра натпреварот од 2. коло на Лигата на нации.
Фудбалерите со заштитни маски на лицата се качија на авионот кој ќе ги однесе до Тбилиси, главниот град на државата против чија репрезентација утре од 18 чсот по македонско време ќе излезат на мегдан.
Вечерва нашите играчи ќе го имаат единствениот тренинг на грузиско тло.
Фото: ФФМ