Ристевски: Ја признавам вината без закани, притисоци и уцени

Обвинетиот Јордан Ристевски рече дека ја признава вината без закани, притисоци и уцени. Тој беше сам на судењето за насилството во Центар, откако адвокатот му го отфрли полномошното.

„Бидејќи прво рекол дека не е виновен, па се предомислил, обвинетиот Ристевски постапувал слично како Томислав Лазаров кој призна вина. Тој е обвинет дека е еден од главните поттикнувачи на насилството. На врвот од овој настан по одговорност е Никола Груевски“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Олеснителни околности се што Ристевски не е претходно осудуван, а се покаја и за направеното дело. Станува збор за високообразован и млад човек, вработен, личност која не е склона кон извршување кривични дела.

Отежителна околност, пак, е пораката пратена од настанот, која беше дека со насилство може да се спречи нормалното функционирање на државните органи. Обвинителката Фетаи побара судот да ги земе предвид сите околности.

„Ветувам дека веќе нема да го сторам делото“, рече обвинетиот. Пресудата ќе биде објавена утре.

Во случајот „Насилство“ се обвинети Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште 10 лица за насилство пред Општина Центар во 2013 година. На претходното судење судијката одлучи да се раздвои постапката за обвинетиот Димче Крстев, кој беше донесен во судот со полиција бидејќи, како што рече, немал адвокат, а се пожали и на здравствени проблеми.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Read more

Колку се опасни зрачењата од електричните автомобили?

Read more

Колку заработува Хрватска со квалификациите за Светското првенство?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Read more

Сончево време со температури до 19°C

Read more

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Read more

ССМ: Работниците бараат минимална плата од 600 до 700 евра

Read more
 

Вести

Русите имаат нов план за Газа: Се разликува од американскиот во една важна точка

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ прави чистки во своите редови

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Трамп избегнува новинарски прашања за поврзаноста со педофилот Епстин?

Читај повеќе

Во БиХ сè уште не можат да се договорат кој ќе ги води преговорите со ЕУ

Читај повеќе

Што се случува со американските санкции врз Русија?

Читај повеќе

Сончево време со температури до 19°C

Читај повеќе

Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции

Читај повеќе

Премиерата на Магбет ќе го отвори фестивалот Шекспир и ќе го одбележи 81. роденден на Битолскиот театар

Читај повеќе

Русите составија ранг-листа на непријателски влади

Читај повеќе