Ристоска: Истрагата за случајот „Империја“ е жива и не е затворена

Скопје, 16 јули 2019 (МИА) – Истрагата за случајот „Империја“ е жива и не се работи за истрага која е затворена, изјави денеска обвинителката од СЈО Ленче Ристоска.

Прашана дали истрагата за случајот „Империја“ е издржана со оглед на случувањата, обвинителката Ристоска, рече дека секоја истрага се отвора кога има доволно основано сомневање дека е сторено кривично дело и дека, овој случај не е исклучок.

– Кога е отворена истрагата верувам дека колешката Стефановска имала основи на сомневање дека е сторено кривично дело и заради тоа и истрагата е отворена. Истрагата треба да продолжи. Да се испитаат сите тие основи на сомневање за да се види дали останува само на основи на сомневање или навистина тука постојат елементи на кривично дело, но тоа треба да го каже натамошниот тек на истрагата. По автоматизам затворање на истражни предмети, затоа што, има некои други индиции во таквите предмети не се случило, истакна Ристоска.

Прашана дали стравува дека може да биде вклучена во истрагата за „Рекет“, обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, рече дека согласно Законот за СЈО, сите одлуки и списи кои излегуваат од јавното обвинителство, единствено ги потпишува специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и во нејзино име кога е отсутна овластени јавни обвинители.

– Јас немам потпишано ниту една одлука која излегла од ова обвинителство. Ниту мислењата за пуштање од притвор во куќен притвор, ниту пак одлуката за давање на патните исправи. Сите одлуки си ги потпишува и носи Катица Јанева, така е согласно закон. Јас немам законско право да потпишам ниту една одлука, изјави Стефанова.

Во однос на шпекулациите дека имало претрес во нејзиниот дом, Стефановска, рече дека тоа не е точно.

– Не стравувам. Нема зошто да бидам инволвирана, изјави Стефанова, посочувајќи дека за тоа дали треба да стравува обвинителката Катица Јанева треба да се праша лично таа.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе