КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Ристовски: Чест ми е да сум капитен после Пандев

Филип Здравески
/ 01.09.2021 / 12:54

Пандев веќе го нема, па нов капитен на фудбаслската репрезентација е Стефан Ристовски кој денеска ја одржа и првата прес-конференција во новата улога.

Фото: Петр Стојановски / ФФМ

„Дали сум почитувам од другите играчи, не знам, се надевам“, низ смеа вели Ристовски.

Стефан и претходно често ја носел капитенската лента кога Пандев бил отсутен, но сега ситуацијата е поинаква, сега тој е првиот капитен, а некој друг ќе ја има неговата улога на заменик-капитен.

„Сакам јавно да му се заблагодарам на Горан Пандев кој има многу дадено за оваа репрезентација и е вистински пример како треба сега ние останатите да продолжиме понатаму. Голема чест ми е што сум капитен на репрезентацијата и што го заменувам него. Исто така, голема благодарност до селекторот кој ми ја даде довербата да бидам предводник“, вели новиот македонски капитен.

„Треба сите да бидеме пример како се носи репрезентативниот дрес, и на терен и надвор од него. Верувам дека ќе даваме максимум за својата држава. Фудбалската игра дојде до таков степен што немаме многу време да се запознаваме, да размислуваме. Има доста промени, но сите сме доволно професионални за да можеме да продолжиме онаму каде што застанавме“, додаде тој.

„Македонија доаѓа од Европско првенство, без разлика на неосвоените бодови. Ова треба да ни биде голем поттик за тоа како треба да се однесуваме“, заврши капитенот кој на клупско ниво ги брани боите на загрепски Динамо.

Македонија вечерва ќе го одржи полседниот тренинг, а утре од 20:45 на арената „Тоше Проески“ ќе го одигра прилично важниот квалификациски натпревар птротив Ерменија. Присуство на публика е дозволено, но согласност владините мерки, а картите се веќе во продажба.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе