УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Ристовски: Да не си ставаме улога на фаворит

Филип Здравески
/ 02.09.2020 / 19:44

Латералниот бек Стефан Ристовски е претпазлив во очи саботниот дуел со Ерменија на пладневното скопско сонце.

„Помина доста долг период, треба сега да се почне од почеток, да се рестартира сѐ, да се потсетиме на некои стари идеи, стари анализи. Сепак, навистина мина долг период, ни изостана репрезентацијата. Тука сме, еве полека почнуваме, треба време за да се стабилизираме. Се надевам на позитивни резултати“, почнува новопечениот заменик-капитен на лисабонски Спортинг.

Македонија в сабота од 15 часот во Скопје ја пречекува Еременија во 1. коло од новата сезона на Лигата на нации. Три дена подоцна гостуваме кај Грузија.

„Не сакам сега да си ставаме некоја улога на фаворит затоа што оваа корона малце ги поремети брзините, така да како што реков, долг период помина, се наоѓаме во припремна фаза, вратени сме од клубовите, а првиот натпревар го играме попладне во 3 што е стварно нелогично. Но, како за нив, така и за нас. Ни треба адаптација. Денес се собравме после долго време сите заедно, полека, полека. Прво мислиме на Ерменците, па после со Грузија“, смета Стефан.

Ристовски зад Бобан Николов на денешниот тренинг; Фото: ФФМ

Ристовски не сака да ја прифати улогата на Македонија како фаворит против Ерменија. Во некое друго време не би било така, но паузата поради коронавирусот, како што вели, малку го поремети фудбалот.

„Не би се ставил како фаворит, затоа што, како што реков, фудбалов се поремети поради ковидот, така да треба секако да сме спремни“, заврши тој.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Фудбал

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе