Музика

Рита Ора ќе пее во Приштина на прославата за независност на Косово

17. февруари 2018 - 15:26 | Макфакс

Британската пејачка со косовско потекло, Рита Ора, вечерва ќе одржи концерт на плоштадот во Приштина по повод 10-годишнината од прогласувањето независност на Косово.

„Многу сум возбудена што ќе ви се придружам во Косово по повод одбележувањето на десетгодишнината од независноста, што ја славиме на 17 февруари. По тој повод смислив и дуксерки кои можете да ги купите како спомен за оваа ноќ која ќе ја поминем заендо“, напиша Рита Ора на Инстаграм на англиски и на албански јазик.

Рита Ора со семејството се преселила од Косово во Англија во 1991 година кога таа имала една година.

И познатата пејачка Дуа Липа, која има албанско потекло, на Инстаграм објави фотомонтажа од еден од нејзините спотови од сцена во која се бакнува самата. Во спотот нема национални обележја, но на фотомонтажата се гледаат албанското и косовското знаме.

„Среќен десетти роденден Косово. Се надевам дека ќе славиме многу јубилеи заедно. Ви посакувам добра забава во овие денови на прославување. Многу сум горда што сум Албанка, ве сакам и ќе се видиме годинава“, напиша Дуа Липа.

Коментирај