Ривалдо му порача на Мбапе да си замине од ПСЖ за да стане најдобар

Бразилската легенда смета дека Килјан Мпабе мора да ја напушти француската лига за да може еден ден да ги надмине Меси и Роналдо.

„Нема сомневање дека Мпабе има квалитет да стане еден од најдобрите на светот. Тој игра врвен фудбал и поседува огромен потенцијал“, рече Ривалдо за Betfair.

„Ќе може да го развива својот талент само со играње во Ла Лига или во Премиер. Лиг 1 е многу назад по квалитет споредена со Шпанија и Англија“.

„Секоја чест за ПСЖ, но јас сметам дека во иднина треба да замине во Шпанија или во некој од големите англиски клубови за да се потврди себеси како наследник на Меси и Роналдо. Најдобрите играчи треба да играат во најдобрите лиги“.

Во право е светскиот шампион со Бразил од 2002 година бидејќи француската лига не само што е неатрактивна туку и квалитетот не е бликсу не само до Шпанија и Англија туку и до Италија и Германија. Мбапе фактички игра големи натпревари само во Лигата на шампиони бидејќи во Лиг 1 ПСЖ е без конкуренција.

Ривалдо во Европа се прослави играјќи за Барселона во периодот од 1997 до 2002 кога на 235 натпревари постигна 130 голови. Поради тоа неизбежно беше и прашањето околу можноста младиот Французин да премине токму во Барса.

„Мислам дека ќе ѝ биде тешко на Барселона да го добие поради младоста, статусот на светски шампион и предиспозициите кои го прават еден од најголемите надежи во светот на фудбалот“.

„Барса имаше премногу проблеми пробувајќи да го купи Нејмар, па замислете колку само би барал ПСЖ за Мпабе. Поради тоа скоро е невозможно овој одличен играч да се донесе во Каталонија во моментов“.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе