Денеска се навршуваат точно 30 години откако Михаел Шумахер ја освои својата прва светска титула во Формула 1 со само еден поен предност пред Британецот Дејмон Хил. Шумахер на последната трка од сезоната, ГН на Австралија, влезе со бод предност и се судри со Хил.
И двајцата мораа да се откажат и Германецот остана прв во генералниот пласман. Многумина сметаат дека Шумахер намерно го предизвикал судирот и требало да биде дисквалификуван, но титулата му била признаена и тој подоцна освоил уште шест. Хил ја освои својата единствена титула две години подоцна. Видеото од судирот погледнете го ТУКА.
Сега, во интервју за Bild, тој зборуваше за нивното ривалство: „Јас и Михаел всушност добро се согласувавме, но на патеката се мразевме. Ако сакавте да станете светски шампион во Формула 1, немаше друг начин. Немаше простор за финеси, мораше да ја искористиш секоја слабост на противникот и да го исцрпиш“, изјави тој во интервју за Bild.
„Михаел беше манипулатор. Ме натера да се чувствувам бескорисно и неталентирано и тоа го призна пред новинарите. Бидејќи тогаш победи на многу трки, немаше причина да не му веруваме“.
Поминаа повеќе од десет години откако Михаел Шумахер (55) доживеа тешка несреќа на скијање во Франција. Формула 1 великанот беше тешко повреден, преживеа, но неговата состојба не е позната на јавноста. Сопругата на Михаел, Корина, со години дава штури изјави за јавноста и строго контролира кој смее да се види со него.
По несреќата шест месеци бил во кома. Лекарите се бореле за неговиот живот во болница во Гренобл, а тој долго време бил во индуцирана кома пред да се врати во семејната куќа во Швајцарија. Оттогаш тој не е виден во јавноста, многу малку се знае за неговото здравје, а неговото семејство ја чува неговата приватност.