Рижото со овес, печурки и ореви

Овесот е житарка која е здрава храна за срцето, а овесната каша е богата со Б-витамини, јагленхидрати, влакна и бета-глукан, кои го намалуваат нивото на лошиот ЛДЛ холестерол. Нутриционистите препорачуваат да се јаде колку што е можно повеќе овес, а овесната каша е најдобар начин да се започне денот.

Потребно е:

1 чаша овесни снегулки
1 чаша исецкани тиквички
1 чаша исецкан праз
2 чаши исецкани свежи печурки
2 чешниња лук, изгмечени
малку бибер
1 коцка за супа од зеленчук
1/2 чаша бело вино
1/2 чаша сецкани ореви
1/3 чаша сецкан свеж босилек
1 лажица маслиново масло

Подготовка:

– Во големо тенџере на загреано маслиново масло ставате ги тиквичките, празот, печурките, лукот и биберот и динстајте ги додека не омекнат.

– Во меѓувреме во помало тенџерче загрејте 1/2 л вода и додадете ја коцката за супа од зеленчук и виното да биде топло, но не да зоврие.

– Во супата од зеленчук додадете ги овесот и оревите и промешајте.

– Потоа 1/2 чаша од супата додадете кај зеленчукот и мешајте за да се соединат состојките. По извесно време повторно додадете од супата и промешајте.

– Варете ја содржината на тивко околу 20 минути со постојано мешање, односно додека не добиете кремасто рижото.

– Се служи топло, а одозгора се украсува со сецкан свеж босилек.

реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе