Ф1

Ризичната тактика на Мерцедес му ја донесе победата на Хамилтон во Унгарија

5. август 2019 - 13:45 | Ф.З.

Победата на Луис Хамилтон на унгарското Гран при се должи на крајно ризична тактика на тимот на Мерцедес кој и покрај противењето на возачот го прати по вторпат во пит-стоп на 21 круг до крајот.

Холанѓанецот Макс Ферстапен ја имаше и пол позицијата и најбрзиот круг, но на крајот прв низ целта мина Луис Хамилтон. На 21. круг до крајот од тимот на Мерцедес преку радиоврска му јавија на Британецот вторпат да оди во пит-стоп за да промени гуми, предлог што наиде на негодување од страна на возачот кој сепак ја прифати одлуката.

Тоа на крајот му се исплатеше бидејќи со свежи и помеки гуми на три круга до крајот го претрка водечкиот Ферстапен чии гуми не можеа повеќе да издржат.

„Фала ви момци, знам дека последниот круг беше тежок. Џејмс, извини што се сомневав во твојата тактика“, изјави Хамилтон по вчерашната победа на „Хунгароринг“.

Коментирај