Ракомет

РК Охрид гостин на роденденско славје во Тузла

21. август 2019 - 9:25 | Ф.З.

Охриѓани од утре ќе учествуваат на меѓународен турнир по повод 60-тиот роденден на босанскиот клуб Слобода.

Слобода од Тузла слави 60 години постоење и по тој повод организира турнир на кој ќе учествува и претставник од Македонија. Тоа ќе биде тимот на Охрид кој утре во полуфиналето ќе игра токму против славеникот.

Ќе учествуваат уште и тимовите на Металопластика од Србија и Орошхази од Унгарија кои го сочинуваат другото полуфинале.

Победниците ќе играат во финалето в петок, а поразените ќе се борат за утешното трето место. Сите натпревари ќе се играат во салата „Мејдан“ во Тузла.

Четврток:
17.30 Металопластика - Орошхази
19.30 свечено отворање
20.00 Слобода - Охрид

Петок:
15.30 натпревар за 3-то место
18.00 финале
19.30 затворање и доделување награди

Коментирај