Американскиот актер Роберт Дауни Џуниор откри дека татко му за прв пат му дал дрога кога имал само шест години.

Роберт Дауни постариот бил првиот што го запознал со дрогата, а тоа се случило додека таткото и неговите пријатели играле покер во нивниот стан во Њујорк.
Таткото видел како шестгодишниот Роберт се напил голтка бело вино, а потоа ја зел чашата и му подал џоинт, советувајќи го да пуши наместо да пие алкохол.
Ова претходно го опиша сега веќе покојниот Роберт Дауни постариот во интервју за медиумите.
Славниот актер подоцна во животот имаше проблеми со дрога и алкохол, а неговиот татко дури подоцна сфатил каква грешка направил кога на толку чувствителна возраст му дал дрога на синот.
Сето ова и животот на Роберт Дауни постариот се дискутира во новиот документарен филм на Netflix, наречен „Sr“.
Во документарецот Роберт Дауни Џуниор зборува за неговото бурно детство, се споменува и како морал да гледа порно филмови. Како режисер, Роберт Дауни постариот го принудил својот син да глуми во некои пародии што ги снимил, а самиот актер призна дека пораснал во семејство во кое сите користеле дрога.
Дауни Џуниор изјавил дека татко му го фрлил во светот на зависноста од наркотици кога имал само осум години.