Свет

Роберт Де Ниро го опцу Трамп пред полна сала, доби овации од присутните

11. јуни 2018 - 11:46 | К.З.

Актерот Роберт Де Ниро се осигура дека сите го знаат неговото мислење за претседателот на САД, Доналд Трамп. Тој се качи на сцената на доделувањето на Тони наградите и го опцу Трамп, а кога го виде одобрувањето од публиката продолжи да извикува пцовки во микрофонот.

Де Ниро (74) е во групата на американски славни личности кои постојано водат кампањи против Доналд Трамп, па затоа вчера тој ја виде шансата да го каже гласно тоа што го мисли целата група за нивниот претседател.

Вчера актерот излезе на сцената за да го најави настапот на Брус Спрингстин, уште еден американски пејач кој многу често има текстови во песните кои се со политичка содржина и позадина.

„Ќе кажам само една работа – е** го Доналд Трамп“, кажа актерот веднаш кога му пристапи на микрофонот.

Целата сала веднаш почна да ракоплеска, а актерот се охрабри и продолжи да извикува пцовки во микрофонот, подигајќи ги рацете нагоре и проследувајќи го тоа со победнички израз на лицето.

Доналд Трамп во моментов се наоѓа во Сингапур, каде би требало да го одржи историскиот состанок со претседателот на Јужна Кореја, Ким Џонг Ун.

Коментирај