Роберт де Ниро откри која му е омилена улога во кариерата

Роберт де Ниро, едно од најпрепознатливите лица во Холивуд, е познат по класиците како Raging Bull и Taxi Driver, како и по неодамнешните филмови како The Irishman.

Во текот на својата кариера, Де Ниро ги постигна најзначајните дела во соработка со Мартин Скорсезе, еден од најголемите американски режисери.

„Скорсезе како режисер има многу јасна визија кога станува збор за режијата и го режира филмот во насока за која верува дека е правилна. Покрај тоа, тој секогаш им дава голема поддршка на актерите. Мислам дека имав среќа што работевме заедно толку многу пати, секој пат ми беше задоволство“, изјави Де Ниро во интервју од 2015 година, пренесува Far Out Magazine.

Актерот почна да соработува со индустриски великани како Брајан Де Палма уште во 60-тите, пред да ја започне својата соработка со Скорсезе во 70-тите. Нивното партнерство резултираше со иконски филмови како Taxi Driver.

За време на истото интервју, Де Ниро беше замолен да го издвои својот омилен филм и улога досега. Не можеше да понуди само еден одговор.

„Не сакам да бирам еден најдобар филм, не се чувствувам удобно да го правам тоа“, истакна тој. Но, по инсистирањето на новинарот, тој рече дека еден проект за него има посебно значење: „Не мора да е најдобар, но е филм кој многу ми значи“.

Филмот за кој зборуваше е Everybody’s Fine од 2009 година, римејк на италијански филм од 1990 година.

„Режијата е на Кирк Џонс. Станува збор за татко кој е отуѓен од своите деца и тргнува на патување за повторно да се поврзе со нив“, рекол Де Ниро. Иако филмот не беше комерцијален успех и беше критикуван дека е уште едно божиќно клише, актерот е горд на своето учество и ја издвои улогата во тој филм како негова омилена.

И покрај критиките, изведбата на Де Ниро во филмот доби пофалби и овој проект остана важен дел од неговата кариера.

Remote video URL
реклама

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Путин игра на картата – крај на војната: Услови за Украина кои би означиле траен крај на конфликтот

Read more

Македонија и Бразил сензација на стартот на Мундијалот

Read more

Филм & ТВ

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Деми Мур објасни како всушност се изговара нејзиното име

Read more

Netflix има нов хит: Шведската серија The Breakthrough ќе ве закова за фотелја

Read more

Анистон откри како одржува совршена фигура во 50-тите: Ја следам методата 80/20

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Читај повеќе
  • play_arrow

Деми Мур објасни како всушност се изговара нејзиното име

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix има нов хит: Шведската серија The Breakthrough ќе ве закова за фотелја

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Fiction – Автентична музичка фикција што допира до публиката и надвор од границите на нашата земја

Читај повеќе

Анистон откри како одржува совршена фигура во 50-тите: Ја следам методата 80/20

Читај повеќе

Џесика Алба се разведува по 17 години брак

Читај повеќе

Објавувањето на номинациите за Оскар одложено поради разорните пожари во Лос Анџелес

Читај повеќе
  • filter

Ријана во проѕирен градник, халтери и танга предизвика воодушевување

Читај повеќе

Памела Андерсон откри за која славна личност сакала да се омажи, на крајот останала разочарана

Читај повеќе