Роберт Патинсон откри кога почнува снимањето на The Batman Part II

Роберт Патинсон во ново интервју за Deadline откри дека снимањето на филмот The Batman Part II, во режија на Мет Ривс, ќе започне дури кон крајот на 2025 година.

Актерот во 2022 година за прв пат го отелотвори популарниот суперхерој Бетмен, а неговата изведба ги воодушеви обожавателите на стриповите.

Патинсон за време на премиерата на својот најнов филм, научно-фантастичната црна комедија Mickey 17, изјави дека не може да зборува за деталите од заплетот на новиот Batman, но за филмот рече дека е „кул, навистина кул“.

Веста за почетокот на снимањето беше објавена кратко откако Warner Bros. соопшти дека премиерата на филмот The Batman Part II е одложена од 2 октомври 2026 година на 1 октомври 2027 година. Филмот беше најавен уште во април 2022 година, кога беше потврдено дека во продолжението ќе глумат ѕвездите од првиот филм: Патинсон, Енди Серкис, Џефри Рајт и Колин Фарел.

Ривс претходно изјави за медиумите: „Работиме на тоа приказната да продолжи таму каде што застана и на нешто за кое се надевам дека навистина ќе ги изненади гледачите.“

Првиот филм од франшизата на Ривс беше голем хит, а во кината заработи речиси 800 милиони долари. Критичарите му дадоа позитивни оценки и подоцна беше номиниран за три Оскари.

Што се однесува до Патинсон, неговиот филм Mickey 17 во кината ќе можеме да го гледаме од 6 март. Следниот проект на актерот е филм за Одисеј во режија на Кристофер Нолан.

реклама

Старт-стоп системите стануваат минато

Read more

Германија подготвува најстрог сообраќаен закон: Целосна забрана за апликации за предупредување од камери

Read more

Топ 15 џиновски светилници

Read more

Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник

Read more

Филм & ТВ

Потврдено е продолжение на филмот F1: Дали ќе се врати и Бред Пит?

Read more

Како изгледаа првите Том и Џери?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Дали The Simpsons нè предупредија и за Џефри Епстин и неговиот остров за секс-забави?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – најава за големиот концерт во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено е продолжение на филмот F1: Дали ќе се врати и Бред Пит?

Читај повеќе

Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини песни

Читај повеќе

Случајот повторно под лупа: Дали Курт Кобејн се самоуби или беше убиен?

Читај повеќе
  • play_arrow

Бед Бани го сруши рекордот за најгледан настап на полувреме на Супербоул

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледаа првите Том и Џери?

Читај повеќе

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали The Simpsons нè предупредија и за Џефри Епстин и неговиот остров за секс-забави?

Читај повеќе