Роберто Манчини е нов селектор на репрезентацијата на Италија

Италијанската фудбалска федерација вчера го назначи Роберто Манчини за нов селектор на сениорската репрезентација. Тој на кормилото на репрезентацијата го замени Џан Пјеро Вентура, кој не успеа ниту да ја однесе Италија на СП во Русија.

Роберто Манчини неодамна ја напушти тренерската функција во Зенит, а уште од тогаш постоеја шпекулации дека тој ќе седне на селекторската фотелја на италијанската репрезентација.

Алесандро Костакурта и Габриеле Ориали, кои се дел од фудбалската федерација на Италија (FIGC), разговарале со Манчини во неговиот дом повеќе од два часа, по што тој се упатил кон Русија и побарал раскин на договорот со Зенит.

Италија беше во потрага по нов селектор уште од ноември минатата година, кога по поразот од Шведска во плејофот за СП 2018 беше отпуштен Џан Пјеро Вентура, а тоа беше првпат по 60 години италијанската репрезентација да не обезбеди пласман на Мундијалот.

Манчини е познат како авторитетен тренер кој знае да го извади максимумот од неговите играчи, што звучи како совршена препорака за селекторската позиција, каде тој не може да купува и продава играчи за да го направи составот посилен.

Тој досега работеше во четири земји, а ги предводеше тимовите на Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај и Зенит.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе