Музика

Роби Вилијамс покажа среден прст на отворањето на Мундијалот во Русија

14. јуни 2018 - 17:55 | А.С.

Роби Вилијамс ги шокираше фудбалските фанови ширум светот кога покажа среден прст на камерата за време на неговиот настап за свечено отворање на Мундијалот во Русија.

Контроверзниот британскси пејач (44) го направи срамниот гест додека го пееше неговиот хит „Rock DJ“ на стадионот „Лужники“ каде моментално се игра првиот натпревар од СП 2018 меѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија.

Вилијамс, облечен во црвен костум со леопардски принт, ја отвори свеченоста со настап со оперската пејачка Аида Гарифулина.

Кога го покажа средниот прст на милионската публика што го следи настанот, тој го испеа стихот „Pimping ain't easy, most of them fleece me“ и додаде „but I did this for free“.

Британците го обвинија Вилијамс дека „си ја продал душата на Путин“ кога го прифатил ангажманот да пее во Русија, по скандалот со труењето на двојниот агент Сергеј Скрипал и ќерка му Јулија во Лондон.

Неговиот хит од 2016 година „Party Like A Russian“ беше контроверзен во Русија бидејќи во текстот ги критикува руските олигарси. Песната не беше вклучена во репертоарот за отворањето на Мундијалот.

Плановите за ссвеченото отворање на СП 2018 беа строго чувана тајна.

Коментирај