По повеќекратните неуспешни третмани за раст на косата, англискиот пејач Роби Вилијамс откри дека планира да се помири со состојбата со која се соочуваат повеќето средовечни мажи.

Ќелавоста кај мажите обично се третира со финастерид и миноксидил, додека некои од опциите вклучуваат трансплантација, стероиди и имунотерапија, што е хемикалија која се применува на ќелавите делови.
Самиот Роби (48), кој со години се бори со опаѓање на косата, пробал различни третмани.
Направил и трансплантација на коса на која бил подложен во 2013 година. Седум години подоцна повторно сакал да го направи тоа, но лекарите му рекле дека неговата коса е премногу ретка за да се повтори тој процес. Сега, се чини дека се помирил со тоа.
„Никој не сака да ми направи трансплантација на коса бидејќи велат дека тоа ми е премногу ретка. Не можам да пијам никакви таблети бидејќи ме прават депресивен. Едноставно ќе мора да го прифатам Роби Вилијамс на кој му паѓа косата“, изјави пејачот.
Претходно Роби се шегуваше на своја сметка дека неговата глава „сјае како бебешки задник“. Се обидел и со неверојатно скапи инјекции да го стимулира растот на косата, кои исто така биле неуспешни.
„Две ампули од тие инјекции беа вистинско богатство. Нивната цена беше иста како куќата на баба ми“, вели пејачот, кому му било кажано дека во рок од пет месеци од употребата косата повторно ќе му порасне, и то многу густа.
Меѓутоа, времето поминало и тој не забележал никакви резултати.
„Ништо не се случи. Поминаа седум месеци и ништо не се случи“, рече тој.
Опиша и како изгледа да се појавиш пред публика со овој проблем.
„Кога сум на сцената и има огромен екран зад мене каде е насочено вниманието и каде што се обидувам да бидам секси, гледам зад мене и има момче со брада и без коса“, изјави пејачот за таквите ситуации.