„Robin Hood“ доби искрен трејлер
Новиот „Robin Hood“, во режија на Ото Батхрст, доби негативни критики од филмските критичари и заработи над 84 милиони долари со буџет од 100 милиони долари. Беше номиниран за три Златни малини, за најлош римејк, најлоша споредна улога и најлош филм.
Во главните улоги се појавуваат Тарон Егертон, Џејми Фокс, Бен Менделсон, Џејми Дорнан и други. Филмот не ги исполни очекувањата, а овој искрен трејлер ја покажува комичната страна на филмот.