Робот ќе пребарува објекти што горат и ќе наоѓа луѓе што треба да се спасат

Борбата со пожари и спасувањето на луѓето од овие ситуации е секогаш опасна задача, без разлика дали се работи за запалени згради или шумски пожари. Сепак, пожарникарите ќе добијат вредна помош.

Одредени компании и тимови од научници работат на развој на роботи кои можат да пребаруваат запалени згради пред да влезат пожарникарите, а меѓу тие роботи е и FireBot.

Станува збор за робот со далечински управувач кој може да издржи температури до 650 степени и може да работи до 4 часа непрекинато. Дизајниран е во форма на кутија и се движи со помош на траки и може да надмине различни пречки. Роботот користи безжична технологија MIMO која му овозможува да испраќа податоци до приемник оддалечен до 1,5 километар. На тој начин, човек може безбедно да истражува запален предмет додека го контролира тој робот со џојстик и гледа во екранот.

FireBot има сензори кои вклучуваат HD оптички и термални камери, како и различни механизми за откривање опасни гасови. Покрај тоа, може да открие и присуство на јаглерод моноксид и водород цијанид, два од најсмртоносните испарувања кои дури можат да убијат луѓе. Роботот се движи двојно побрзо од пожарникар кој носи костум и целосна опрема.

FireBot се очекува да се продава по цена од 90.000 долари кога ќе започне да се продава подоцна годинава.

Тагови
реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

10 добри навики на паровите кои остануваат заедно засекогаш

Read more

Вести

Американците сега го имаат Roadrunner, убиецот на дронови

Read more

На почетокот биле сиви: Зошто модерните мачки имаат разнобојни очи?

Read more

Се очекува раст на продажбата на персонални компјутери во 2024 година

Read more

Копал компири како казна и нашол древно египетско богатство

Read more
 

Гик

Една од најсјајните ѕвезди ќе исчезне од небото за кратко време

Читај повеќе
  • play_arrow

Избрани најдобрите видеоигри за 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците сега го имаат Roadrunner, убиецот на дронови

Читај повеќе

Нов тест на крвта открива кои органи стареат најбрзо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кое е најгледаното видео на TikTok во 2023 година?

Читај повеќе

Honor ќе претстави три Magic6 флегшип телефони

Читај повеќе

Strava овозможи праќање на приватни пораки помеѓу корисниците

Читај повеќе

Порно сајтовите воведуваат големи промени за корисниците

Читај повеќе
  • filter

Претставен смартфонот OnePlus 12, основниот модел чини 610 долари

Читај повеќе