Робот кој може да направи салто наназад
Иако роботите не се ни блиску до владеење со светот, тие напредуваат од ден во ден. Роботот Atlas, на пример, може да направи салто наназад.
Компанијата Boston Dynamics помисли дека е добро да им даде гимнастичарски вештини на роботите кои ги произведува, па така го дизајнираше Atlas – роботот кој може да прескокнува пречки, да прави салто наназад и да се движи исто како човек.
Засега Atlas е само робот кој се наоѓа во континуирано усовршување, но изгледа дека не е далеку денот кога ваквите роботи ќе бидат користени како воени сили.