Норвешката национална пошта Posten, во соработка со американската компанија Mobility е подготвена за лансирање на нови услуги од поштари роботи. Всушност, станува збор за роботизирани доставни служби за достава на пратки.
Како ќе се одвива тоа? Роботизирано автономно возило ќе пристигне на потребната дестинација пред вашата куќа или компанија и ќе ве извести да дојдете по пратката што се наоѓа во едно од заклучените сандачиња на возилото. Претходно по пат на апликација ќе добиете порака во која се наоѓа код за отклучување на сандачето.
Роботскиот поштар ќе вози со брзина од 9 км на час и ќе покрива 100 адреси дневно. Откако ќе ги достави пратките ќе се врати назад да ги наполни батериите и да собере нови пратки.