Роботи заменија илјадници работници во фабрика во Кина

Тајванската компанија Foxconn, која произведува делови за Apple и за Samsung, отпушти 60.000 работници во една фабрика во Кина, и ги заменила со роботи.

Фабриката на Foxconn во кинескиот регион Куншан, го намали бројот на вработени од 110.000 на 50 илјади, благодарение на воведувањето на роботите.

Од тајванската компанија потврдија дека најголемиот дел на производството е автоматизиран, но дека тоа не значи долгорочно губење на работни места.

Foxconn покажа желба за зголемување на автоматизацијата, но и за значително задржување на работната сила во Кина.

„Користиме роботски инженеринг и други иновативни производствени технологии кај работите кои се повторуваат, а низ тренинг им овозможуваме на нашите вработени да се фокусираат на елементите на додадена вредност во процесот на производство“, се наведува во соопштението на тајванската компанија.

Во последните неколку години, кинеските фабрики инвестираа големи пари во роботика, а од септември 2014 година, повеќе од 500 фабрики во покраината Гуангдонг потрошија речиси 630 милиони долари на роботи.

Економистите предупредуваат на сериозни последици од автоматизацијата на пазарот на труд, порачуваат дека во наредните две децении 35 отсто од работните места може да исчезнат, според студијата која ја спроведе компанијата Deloitte во соработка со Универзитетот Оксфорд.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Бизнис

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more

Остар пад на цените на нафтата

Read more
 

Вести

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 5 имиња се на гласачкото ливче

Читај повеќе

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе