Новиот хуманоиден робот е производ на британската компанија Engineered Arts.
Станува збор за робот кој е „опасно“ сличен на човек и е способен да демонстрира низа речиси реални човечки изрази на лицето.
Од Engineered Arts велат дека Ameca е „совршена хуманоидна роботска платформа за интеракција човек-робот“. Во снимката, објавена на YouTube, се гледа роботот во „акција“ и докажува дека тврдењата на компанијата не се претерани.
Сивата машина е слична на ликовите од филмот „I, Robot“ и може да прикаже низа човечки емоции придружени со реалистични движења на очите.
Се чини дека ова е програмирана демонстрација, Ameca се буди, па љубопитно си ги гледа рацете, а потоа изгледа изненадено кога ќе забележи дека го снимаат.
„Емотивниот“ робот е веќе достапен за купување и изнајмување. Моментално е во форма на стационарен модел, но програмерите планираат да го подобрат и ветија дека „Ameca еден ден ќе оди“.