Роботот што сакаше да го уништи човештвото доби „семејство“: Пристигнуваат нови модели

За индустријата за роботика, корона-кризата е одлична прилика, а така размислуваат и во компанијата Hanson Robotics во Хонгконг.

Можеби ова име не ви значи премногу, но ова е компанијата зад веројатно најпознатиот хуманоиден робот во светот - Софија, која, меѓу другото, се прослави со изјавата дека луѓето треба да бидат уништени.

Основачот и прв човек на компанијата, Дејвид Хансон, изјави за странските медиуми дека светот ќе биде поинакво место по COVID-19, каде што некои работи ќе се променат, а една од нив е потребата за повисоко ниво на автоматизација.

Можностите што им се отвораат на роботите се големи, а самата Софија вели дека роботи како неа можат да се користат во здравството, но и за грижа на стари лица и болни.

Хансон вели дека неговите роботи се уникатни бидејќи навистина изгледаат како луѓе: Ова може да биде многу корисно во овие времиња кога луѓето се чувствуваат осамени и социјално изолирани.

Јохан Хорн, професор по социјална роботика, кој исто така ја има проучувано Софија, се согласува. Тој вели дека иако самата роботика е сè уште во почетна фаза, пандемијата навистина може да ја зголеми врската помеѓу луѓето и роботите.

Сепак, здравството е само една од индустриите во кои роботите можат да помогнат, па Хансон најави производство и продажба на илјадници роботи, „големи и мали“, за различни сфери на деловно работење - од авијација до малопродажба.

Еден од новите роботи што ги развиваат е Грејс, која ќе се појави на пазарот оваа година, а ќе биде наменета за здравствениот сектор.

URL
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе