Во болница во Масачусетс медицинскиот персонал користи роботско куче за да комуницира со пациенти заразени со новиот коронавирус.
Роботот Spot е производ на компанијата Boston Dynamics и моментално е трансформиран во медицински работник. Пред само еден месец, роботот им помагаше на работници во фабрика, а сега на докторите, пренесе Mashable.
Состојбата на пациентите заразени со коронавирусот редовно е контролирана од неколку експерти.
Целта на Boston Dynamics е да им помогне на докторите да развијат нови начини за мерење на телесната температура, дишењето, пулсот и заситеноста со кислород на пациентите со COVID-19.