Роботска рака од 3D принтер растура на Super Mario Bros

Роботите во иднина ќе стануваат сѐ помали, попаметни, помеки, пофлексибилни и поразноврсни, а еден пример за „мека роботика“ потекнува од Универзитетот во Мериленд.

Станува збор за роботска рака изработена со 3D принтер, која може да го помине првото ниво во играта Super Mario Bros на конзолата Nintendo за помалку од 90 секунди.

Тим предводен од професорот Рајан Сохол дизајнираше интегирани флуидни кругови кои можат да се контролираат со помош на единствен контролиран притисок на водата. На пример, се користи низок притисок за движење на првиот прст. Потребен е умерен притисок за движење на вториот, а висок притисок во случај на третиот прст. Научниците успеаја да програмираат роботска рака и да ја „научат“ кога ликот во играта треба да оди и кога да скока. Овие дејства се изведуваат со прилагодување на нивото на притисок.

Тестирањето на прецизноста на дизајнот беше направено со помош на конзолата Nintendo и играта Super Mario Bros, а бидејќи играта не остава многу простор за грешки, предизвикот беше голем.

Производството на „меки“ роботи е бавно и комплицирано, но тимот научници користел 3D принтер PolyJet 3D кој овозможува печатење со употреба на разни материјали. На овој начин испечатиле различни компоненти кои потоа за еден ден ги составиле.

Раката на роботот за време на играта ја контролир програмиран софтвер кој правел различен притисок така што прстите ги притискале копчињата на контролорот, а раката го „минала“ нивото за помалку од 90 секунди.

Целта на научниците е да го искористат стекнатото искуство и да дизајнираат протетски помагала и уреди за рехабилитација. Тие јавно го споделија дизајнот и ги охрабрија другите да го модифицираат и да работат на свои проекти.

реклама

Вести

Германците користат куче-робот за борба против вандализмот

Read more

Amazon ја прекина испораката на дронови по два инцидента

Read more

Предизвик од милион долари за дешифрирање на писмото на една од најраните урбани заедници во светот

Read more

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Read more
 

Гик

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Читај повеќе

Германците користат куче-робот за борба против вандализмот

Читај повеќе

Amazon ја прекина испораката на дронови по два инцидента

Читај повеќе

Instagram подготвува нова апликација за уредување видеа слична на CapCut

Читај повеќе

Зошто Американците толку плачеа по TikTok? Спенсер Прат откри колку заработил за 7 дена

Читај повеќе

Предизвик од милион долари за дешифрирање на писмото на една од најраните урбани заедници во светот

Читај повеќе

Пресвртница во медицината: Научниците открија како настанува Хантингтоновата болест

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Читај повеќе

Гренланд: Земја со 150 км патишта, 3 семафори и најчист воздух во светот

Читај повеќе