„Grand Theft Auto V“ е присутна во светот на игриците од 2013 година, а сега, по неколку години шпекулации, Rockstar Games конечно потврди дека развива нова генерација на легендарниот наслов.
Сè уште нема датум кога игрицата ќе се појави на пазарот, но студиото соопшти дека повеќе информации ќе бидат објавени кога програмерите „ќе бидат подготвени“. Сепак, потврдата за развојот на игрицата е значаен чекор во однос на ситуацијата која трае со години, а позитивно е што Rockstar Games соопшти дека развојот е веќе во „напредна фаза“.
Сè додека не пристигне новата „GTA“, студиото ќе продолжи да ги надградува „Grand Theft Auto V“ и „Grand Theft Auto Online“. Исто така, на 15 март компанијата ќе лансира две верзии на игрици за најновите конзоли PlayStation 5 и Xbox Series X/S. Се ветуваат подобри графики, резолуција до 4K, до 60 fps, подобрувања на текстурата и draw растојание, опции за HDR, пореално следење зраци и многу повеќе.
Вчитувањето на игрицата исто така ќе биде побрзо, а ќе се подобрат и 3D аудио искуството и хатпичкиот фидбек на одредена платформа.
Сето ова ќе биде можно благодарение на подобрениот хардвер што го имаат конзолите на Sony и Microsoft. Оние кои моментално играат „GTA V“ и „GTA Online“ на конзолите PS4 и Xbox One ќе можат лесно да го пренесат својот напредок и карактери на новите платформи.
„GTA Online“ ќе добие и нова верзија за конзолите PS5 и Xbox Series X/S. Ќе биде достапна бесплатно во првите три месеци за PS5. Игрицата ќе добие подобрувања во играњето, нови онлајн упатства, работилница Hao's Special Works за модификации на одредени возила и многу повеќе.