Род Стјуарт го претстави својот нов албум „Blood Red Roses“

Легендарниот музичар Род Стјуарт објави нов албум. Неговиот триесетти соло албум насловен „Blood Red Roses“ го најави со синглот „Didn’t I“.

Станува збор првото студиско издание после три години, а Стјуарт на овој албум соработуваше и со Боб Дилан.

Како што сме навикнати, повторно ни сервираше жанровска разновидност, шармантна заиграност и интроспективни текстови – неговите препознатливи карактеристики кои го прават еден од најпродаваните музичари на сите времиња.

Албумот е снимен на доста неконвенционален начин за еден пејач од негов калибар.

„Голем дел од песните ги снимивме во хотелски соби. Тоа е одличен начин за создавање на албум, бидејќи не сте со месеци затворени во иста просторија. Премногу години поминав во студиските простории во кои не сакав да бидам, затоа мислам дека е одлично што при снимањето на овој албум не се најдовме во таква ситуација“, призна Род.

„Кога создавам нова музика, секогаш имам чувство дека тоа го правам за неколку пријатели. Овој албум е мое лично задоволство. Во животот можете далеку да стигнете ако сте искрени, истото важи и во музиката“, го коментираше Стјуарт  својот нов албум.

На албумот се најдоа 13 нумери, односно 16 во делукс верзијата.

Албумот е најавен со синглот „Didn’t I“, песна која зборува за последиците предизвикани од дрогата од перспектива на еден родител.

Во 50 години музичка кариера тој сними 30 студиски албуми кои се продадени во повеќе од 200 милиони примероци.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе