Роденден на уметноста во Младинскиот културен центар

Скопје, 18 јануари 2020 (МИА) – Младинскиот културен центар денеска ја отвора новата сезона со Роденден на уметноста, што ја организира осми пат и со слободен влез за посетителите. Настанот ќе почне вечер во 18 часот со работилница за деца и ќе опфати изложби, предавања за астрономија, претстава, промоција на книга и музичка програма.

Прва во низата настани е детската работилница „Играј со светлината“, чии ментори се Нина Максимовa, Дени Стојанов и Доротеј Нешовски, а целта е на децата да им се доближи театарот на сенки, игра со светлина и бои и имагинацијата за создавање ликови.

Предавања во Планетариумот на МКЦ, кои се организираат во соработка со Скопското астрономско друштво, ќе има во три термини – од 18 часот за деца до 12 години, а од 19.20 и од 20.40 часот за возрасни.

Од 19 часот во „Фросина“ ќе биде промовирана книгата  „Македонска сага“ од Сунчица Уневска, во која се содржани рецензии за македонски филмови од осамостојувањето на државата до денес што своевремено ги пишувала авторката – новинарка и филмска критичарка, почнувајќи од „Македонска сага“ (1993) на Бранко Гапо, сè до „Втора шанса“ (2019) на Марија Џиџева.

 Промоцијата ќе почне со колаж од инсерти од македонските филмови во изминатите триесет години што за оваа пригода ги подготви Кинотеката. Книгата е во издание на „Аквариус“, а вечер ќе ја промовираат филмската критичарка Гена Теодосиевска и новинарот Емил Крстевски.

Во рамки на „Роденденот на уметноста“ ќе бидат отворени и две изложби – „Портрет и личност“ на Марина Убавкова од 20 часот во Галеријата на МКЦ, а со изложбата „Мали хумани иновации“ на студентите од насоката Индустриски дизајн на Машинскиот факултет од 20.30 часот официјално ќе биде отворен и  реновираниот простор горно фоаје во МКЦ.

Делата што ќе бидат претставени на изложбата се развиени и изработени во проекти во текот на наставата по соодветните предмети. За изработка се користени рачни техники, компјутерски модели, нумерички управувани машини, ласерски техники… Доминира дрвото како обновлив материјал и металот кој може да се рециклира, како и други природни материјали и поретко пластиката.

Меѓу презентираните производи има светилки, парчиња мебел, играчки, алатки за приготвување храна и садови за сервирање.  Дел од одбраните творби се рачно изработени композиции инспирирани од природата, трансформирани со стилизирање, со цел да бидат применети во дизајн на производи.

Од 21 часот во „Фросина“ е најавен настап на неформалната театарска трупа „Импров театар“. Музичката програма ќе почне во 20 часот со Бојан Чакра, кој ќе пушта мизика на плочи во просторот „Ап(о)тека“.

Од 22 часот се отвора сала „25 Мај“ каде ќе настапат Dogs in Kavala, Porto Morto и The Local Blue кои ќе го промовираат новиот албум „2nd landing“. Диџеј-сетовите на Ивана Драгшиќ, Теа Шалдева и Виолета Качакова ќе го заокружат Роденденот на уметноста со забава во бифето која ќе почне по полноќ и ќе трае до раните утрински часови.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе