Живот

Родени под среќна ѕвезда: Најсреќните хороскопски знаци

12. февруари 2019 - 15:35 | Б.С.Б.

Кога на некој му оди добро во животот, се вели дека е роден под среќна ѕвезда. Астролозите, пак, би рекле дека е роден во среќен знак.

Кога станува збор за основните потреби на луѓето, ултимативната цел е едноставно среќата. Човек да биде задоволен, да не биде загрижен. Луѓето се стремат кон тоа, но на некои многу лесно им успева, додека други ја немаат таа среќа. Што може да научиме од астрологијата? Постојат хороскопски знаци кои едноставно не можат да бидат среќни, без разлика колку и  да се трудат тоа да го постигнат. Тоа не е во нивната природа.

Но, овој пат ќе ги одделиме најсреќните хороскопски знаци. Како планетите влијаат на човечките емоции зависи и од тоа кога сме родени.

1. Стрелец

Без сомнение, Стрелецот е најсреќниот знак од сите, можеби поради нивното природно чувство за авантура и слобода. Кога Стрелецот се чувствува лошо има изграден одбранбен механизам од болка кој не дозволува да го зароби. Стрелците се големи позитивци и вечни оптимисти, а најмногу сакаат да им помагаат на другите. Па така, доброто им се враќа со среќа. Исто така се многу упорни кога се во прашање нивните животни цели кои ги достигнуваат делумно поради вложениот труд, делумно поради среќата која ги следи.

2. Лав

Слично како и Стрелците, и Лавовоите се среќлии. Тие се позитивни и секогаш во сè гледаат решение, без разлика на проблемите.

Ја немаат моќта на Стрелците магично да ја отстранат тагата, но сепак важат за еден од најсреќните знаци во Зодијакот.

3. Овен

Овенот е знак со посебна смисла за хумор и шегување. Но, тие не се секогаш задоволни со луѓето во нивниот живот  и ако тоа многу им смета, дозволуваат да им влијае на чувствата.

Обично, лесно излегуваат од лошо расположение и преферираат да се среќни и задоволни.

4. Вага

Вагата има нежна природа и луѓето родени во овој знак прават сè за да избегнат конфликт, иако не се плашат да се соочат со него. Попрвин одбираат да го избегнат и правејќи го тоа ефективно создаваат состојба на среќа и задоволство со самите себе. Вагата е среќен знак.

Коментирај