Љубов и секс

Родени заводници: Хороскопски знаци на кои никој не може да им одолее

15. ноември 2019 - 20:03 | А.С.

Припадниците на овие хороскопски знаци се заводници без конкуренција. Или сте еден од нив, или сте „паднале“ на нивниот шарм.

Секому му годи малку невин флерт. На некои од нас флертувањето и шармирањето им оди од рака, а астролозите велат дека голема е веројатноста за тоа ако припаѓате на еден од овие хороскопски знаци.

Препознајте ги нивните методи и техники на заведување:

ЛАВ

Освојуваат без конкуренција, суптилно и со богата фантазија. Ќе ви пријдат со многу самодоверба, со неодолив шарм и насмевка од која се тресат колена. Лавовите се „градски фаци“, ги познаваат сите важни луѓе, се дружат со ѕвезди и со нив никогаш нема да ви биде здодевно. Ќе добиете вистински „кралски третман“, но не заборавајте дека очекуваат да им го возвратите вниманието во форма на комплименти.

Припадниците на овој хороскопси знак не сакаат да губат и ќе пробаат со сите методи на располагање да го привлечат вашето внимание. Уживаат во процесот, па дури и може да бидат уште повеќе заинтригирани ако не им успее „од прва“. Исто така се многу внимателни и страсни љубовници, па бидете сигурни дека нивните зборови не се празни.

СКОРПИЈА

Кога Скропија влегува во просторијата, сите го забележуваат тоа. Со својот безобразно продорен поглед освојува без допир, а откако ќе го избере „пленот“, ужива во него преку сила неколку часа. На Скорпиите силна страна им е невербалната комуникација и ве освојуваат дури и кога вие не сте свесни за тоа и брборите за тоа каде работите и кој ви е омилен филм.

Не сте ни свесни дека Скорпијата веќе ве „пикирала“ и наскоро ќе се најдете во таа мистериозна прегратка. Вешти љубовници се, сакаат и подаруваат убава долна облека и водат љубов со часови. Може брзо да им досадите, но додека се заинтересирани за вас, ќе ве освојуваат одново и одново и ќе ве држат блиску до себе.

БЛИЗНАЦИ

Имаат интересен пријателски пристап и тоа речиси секогаш им успева. Духовити, неверојатно шармантни, комуникативни, интелигентни и забавни, Близнаците се толку интересни што ќе поминете часови со нив и ќе заборавите и на време и на место. Имаат неверојатна харизма што привлекува различни типови на луѓе, а и тие самите не се ограничуваат и обожаваат предизвици и различни искуства.

Нема ни да знаете кога сте „паднале“ на нивниот шарм и нема да сакате да престане средбата со нив. Брзо губат интерес и ако најдат нешто позабавно, веќе преминале на флерт со некој на другата маса до вас. Како љубовници се неуморни и инвентивни, па подгответе се за маратонски секс.

Коментирај