Роџер Федерер се врати со победа на АТП турнирот во Доха, по пауза од 13 месеци. Тој го победи Даниел Еванс со резултат од 7-6 (8), 3-6, 7-5.
Федерер последен пат се натпреваруваше на 30 јануари 2020 година, кога изгуби од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Австралија Опен.
Потоа имаше две операции на колената, по што следеше закрепнување. Денеска тој во второто коло на АТП турнирот во Доха играше против Еванс.
Федерер го доби првиот сет со резултат од 7 : 6 (8), а потоа Британецот возврати во вториот сет со 6 : 3. Во одлучувачкиот трет сет Федерер славеше со 7 : 5, со што ја означи победата.
Во четвртфиналето ќе игра против Николоз Басијашвили од Грузија.