Три лица денеска паднаа во вулкански кратер во Поцуоли, во близина на Неапол, Италија. Како што јавуваат тамошните власти, во несреќата нема преживеани.
Родителите и нивниот 11-годишен син паднале во дупката на вулканот Солфатарa. Првин паднало момчето, а неговите родители настрадале во обидот да му помогнат.
Со семејството на вулканот бил и нивниот седумгодишен син, кој е на безбедно.
На местото на несреќата пристигнале спасувачки екипи, но не успеале да му помогнат на семејството од Торино.