Родители споделуваат причини зошто не би имале деца кога би можеле да го вратат времето

На форумот Mumsnet се појави интересна тема. Еден корисник ги прашал другите дали, кога би знаеле што ги чека, би одлучиле да станат родители.

„Ми се чини дека ова е табу тема. Сакам да ги слушнам вашите мислења", гласи описот на прашањето што разгоре дебата меѓу родителите.

Многумина велат дека зажалиле што имаат деца, а потоа ги објаснија причините што стојат зад таквата изјава.

„Не, не би. Дури кога станав мајка, сфатив каков посран живот живееме. Беше добро кога бебето беше мало, но сега тој е скоро полнолетен и воопшто не е убаво“, напиша една мајка.

„Ги обожавам моите деца. Неизмерно ги сакам, но кога би можела да се реинкарнирам, би избрала живот без деца. Луѓето кои немаат деца водат неверојатен живот и јас сум им страшно љубоморна. Би сакала да пробам да живеам и така“, се довери друга корисничка.

„Не, никогаш! Секако, за тоа би требало да го знам она што го знам сега, но да знаев како ќе се чувствувам како мајка, никогаш немаше да имам деца“, признава трета.

Има и такви кои тврдат дека се чувствуваат постари откако се родиле децата, но исто така и такви кои не би брзале со бременоста кога би можеле да го вратат времето.

„Одеднаш треба да станеш страшно одговорна личност, да ги ставиш своите потреби зад потребите на детето, да ги испланираш деновите околу децата и веќе не си свој. Навистина ми недостасува слободата и тој начин на живот кога не треба се грижиш за никого освен за себе“, коментира еден корисник.

Многумина коментираат дека би се одлучиле за само едно дете, а има и такви кои не би си го замениле сегашниот живот за ништо на светот.

„Искрено, ќерка ми ми донесе радост и среќа. Никогаш не би ја менувала за живот без деца“, „Да, апсолутно. Моето најстаро дете ме спаси и животот без деца ќе ми бил безначаен“, „Понекогаш жал ми е што немав повеќе деца“, велат оние кои не жалаат за својата одлука да станат родители.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе