Родителите на деца до 10 години се ослободени од работа, повтори Филипче

Мајките, односно родителите на деца до 10 години се ослободени од работа и верувам дека овој административен проблем може да се реши, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во однос на градинките за родители кои реагираат – мајки на кои породилното им завршило пред да се воведе вонредната состојба, не ги запишале децата во градинка и не можат да земат потврда и мораат да одат на работа.

„За ова неколкупати разговараме уште на почетокот на кризата затоа што уште тогаш имаше родители кои имаа ваков пример, така што административните служи во градинките и во останатите институции кои не функционираат работат. Тоа беше случај и за уписот за следната година. Така што не би требало да претставува проблем и за ова можам да го консултирам МИОА дали се работи за нешто што е проблем на терен или е некакво недорабирање“, истакна министерот Филипче.

„Ако не сфатиме дека уште долго ќе живееме со вирусот, ќе се соочуваме и понатаму со нови случаи и нема да го стопираме ширењето на вирусот. Многу од економските оператори не работат и трпат загуби, градинките не работат бидејќи сакаме да ги заштитиме децата. Заврши и училишната година за да нема групирања и апелирам до родителите да им укажат на децата дека треба да носат маска и да не се групираат“, рече претходно Филипче.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Македонија

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Read more

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Read more

Пендаровски со претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Read more

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе