Родителски совети кои никогаш не треба да ги слушате

Кога ќе станете родител, се случува одеднаш да бидете бомбардирани со совети за воспитување и одгледување деца. И тоа не е лошо, доколку сами барате совети. Но, најчесто добивате совети кои не сте ги побарале.

Дали имате едно или три деца, дали работите работа со полно или скратено работно време или се грижите дома за семејството, родителството е нешто што никој не треба да го смета за лесна работа.

Една од работите кои целата ситуација можат да ја комплицираат е потребата на другите луѓе да нудат несакани и често многу погрешни совети. BestLife одвои кои најчесто погрешни совети родителите ги добиваат.

1. Со секое дете однесувајте се исто

Според Адина Махали, советник за ментално здравје и специјалист за семејна нега, подобро е да ги третирате децата како индивидуалци и да се грижите за нив тргнувајќи од тоа начело. Да, тоа може да значи дека ќе минувате повеќе време со едното дете, додека на другото му давате повеќе простор.

„Не се плашете да гледате посебно на секое дете и да му го давате тоа што навистина му треба“, вели Махали.

2. Дајте му десерт на детето ако ја изеде вечерата

Ако му кажете на детето дека мора да изеде цел оброк за да добие десерт, со текот на времето тоа може да доведе до нездрави навики во исхраната. Иако работа на родителот е да одлучи што ќе јаде детето, сепак самото дете треба да одлучи дали ќе јаде и колку, советува Џен О Рурк, едукатор за родители и детска психотерапевтка.

„Десертот не треба да биде награда, туку повремен ден од вечерата“, смета таа.

3. Ако вашето дете доживее напад на бес, игнорирајте го

Децата не се вешти во регулирање на нивните емоции, оттука и плачот, врискањето и останатите манифестации на испад на бес кои најчесто доаѓаат кога се уморни, гладни или вознемирени. Важно е да знаете дека не станува збор за намерна манипулација.

„Детето кое доживува тантрум страда и не ги контролира своите чувства и постапки“, вели О Рурк.

Таа советува родителите да не ги игнорираат децата кои се наоѓаат во процес на развој на логика и вештини на носење заклучоци.

4. Преголемо искажување љубов може да го разгали детето

Ако сакате да си го држите во раце, да го милувате вашето дете, правете го тоа. Тврдењето дека може да го разгалите е без основи, смета д-р Саманта Радфорд.

„Бебињата се биолошки дизајнирани за држење и носење во раце“, вели таа.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Живот

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more

Колку често треба да се перат пижамите?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more
 

Магазин

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе