Родман со видео-порака до новиот напаѓач на Наполи

Денис Родман го поздрави грамадниот Андреа Петања кој по завршувањето на сезонава ќе го засили нападот на Наполи.

Петања на 30 јуни ќе полни 25 години, а уште во зимскиот преоден рок направи трансфер во Наполи кој за неговите услуги искешира 17 милиони евра. Сепак, голгетерот остана во СПАЛ како позајмен до крајот на сезонава која поради корона-кризата ќе заврши подоцна од планираното.

„Андреа, нели е неверојатно? Денис Родман ти се обраќа тебе. Андреа, 'Булдожерот', што значи тоа? Значи дека даваш многу голови“, почнува НБА легендата.

„Имам нешто за тебе сега, Андреа. Имам ќерка по име Тринити Родман, таа е број 1 фудбалерка во светот во моментов. Ајде човече, погледни ја! Еден ден ќе играш против неа и ќе ми пратиш порака велејќи: 'Денис, знаеш што? Во право беше, добра е, баш како мене. Таа е булдожер, но таа е Родман'.“, вели Родман во видеото.

Ќерката на Родман има 18 години и настапува за тимот на Вашингтон Кугарс. Таа е е репрезентативка на САД во младинските категории, а велат дека е навистина талентирана. Како Петања, и таа игра во нападот.

Петања во СПАЛ настапува веќе втора сезона, а дојде од редовите на Аталанта. Сезонава на 24 натпревари постигна 11 голови во Серија А, но на тимот му оди тешко и е претпоследен.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе