Родната куќа на Хитлер ќе стане полициска станица

Австрија го претстави планот за „неутрализирање“ на куќата во која бил роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

Владата ја купи градбата со наредба за принудна купопродажба во 2016 година по долг судски процес и сега планира да ја трансформира во полициска станица.

Планот треба да почне да се реализира во ноември годинава и целта е да се спречи куќата да стане собиралиште за неонацисти.

Австриска градежна компанија ќе ги изведе потребните промени на зградата во гратчето Браунау на Ин во Горна Австрија, на границата со Германија.

„Од родната куќа на еден диктатор и масовен убиец ќе се отвори ново поглавје за иднината“, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер.

Remote video URL

Компанијата Marte.Marte беше избрана од 12 кандидати кои аплицираа со идејни решенија за „козметички промени“ на градбата што датира од 17. век. Се очекува процесот да биде завршен до 2023 година и ќе чини околу 5 милиони евра.

Има многу малку показатели дека тоа е куќата во која бил роден нацистичкиот лидер. На камен во близина на куќата стои испишано „За мир, слобода и демократија; Фашизам никогаш повторно; милиони мртви нѐ потсетуваат“.

Каменот ќе биде преместен во музеј во главниот град Виена. Локален историчар за BBC изјави дека е многу важно каменот да остане во Браунау.

Хитлер многу кратко време живеел во куќата. Роден е таму на 20 април 1889 година, но само неколку недели подоцна неговото семејство се преселило на друга адреса во оваа област, а кога Хитлер имал три години си заминале од Браунау на Ин.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе