Родовата еднаквост не е нов концепт: Жените биле ловци уште пред 9.000 години

Откриениот скелет на праисториска жена со ловџиска опрема ги предизвикува долгогодишните верувања дека само мажите излегувале да ловат додека жените биле само собирачи.

Илустрација: Matthew Verdolivo/UC Davis IET Academic Technology Services

Останките стари 9.000 години беа пронајдени со комплетно украсен комплет за лов, вклучително и 20 камени проектили и куп уредно наредени сечила. Откритието поттикна тим археолози да истражат извештаи за други погребни места, наведувајќи ги да теоретизираат дека има во древните племиња имало родово поеднакви улоги отколку што мислеа современите научници. Студијата на археолозите беше објавена во списанието ScienceAdvances во февруари.

Главниот автор, Рандал Хас, и неговиот тим, го пронашле гробот на древната жена во перуански археолошки локалитет на надморска височина од скоро 4 километри. Кога го виделе комплетот со алатки покрај телото, помислиле дека откриле некое навистина кул момче ловец.

„Сите зборуваа за тоа како ова е одличен поглавар, голем човек“, изјави Хас за списанието Science. Но, формата на коските се разликуваше од таа на машките коски, а стоматолошката анализа подоцна потврди дека забите ѝ припаѓаат на млада жена, најверојатно на возраст од околу 17 до 19 години. Анализата на нејзините заби, исто така, покажала дека се хранела како ловец, што значи дека исхраната ѝ се состоела и од месо и од растенија, што го наведува тимот да заклучи дека станува збор за млад ловец.

Нивното откритие ја поттикна екипата да бара записи за други древни гробници со единки кои биле закопани со ловџиски алатки. Од 107 локалитети стари над 8.000 години, кај 10 жени и 16 мажи биле пронајдени вакви предмети.

Тоа е прилично мала големина на примерок, но авторите веруваат дека е доволно откритие за да се заклучи дека жените учествувале во ловењето голем дивеч. Нивните статистички модели составија можен процентуален опсег по полови за составот на ловџиските групи, па се проценува дека тие содржеле околу 30 до 50 проценти жени. Ова значи дека „раниот лов на голем дивеч веројатно бил родово неутрален или речиси родово неутрален“, заклучи тимот.

Ова е во целосна спротивност со современите општества и современите групи ловци-собирачи, кои имаат тенденција да имаат цврсти родови улоги.

„Трудовите практики меѓу поновите здруженија на ловци-собирачи се изразено родово поделени, што може да доведе до тоа некои да веруваат дека родовите нееднаквости за нешто како како платата или позицијата се некако ‘природни’“, објасни Хас за Science Focus. „Но, сега е јасно дека родовата поделба на трудот била фундаментално различна - најверојатно поправедна - во длабокото минато на ловците-собирачи на нашиот вид“.

„Пораката [на новото откритие] е дека жените отсекогаш можеле да ловат и всушност ловеле“, изјави археологот Бони Питбладо, која не учествуваше во студијата, за магазинот Science. И, искрено, никој не смее да биде изненаден од откритието.

„Овие жени живееле високо на Андите, на надморска височина од 4 километри цело време“, додаде таа. „Ако можете да го направите тоа, сигурно можете да уловите елен“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе