Раководството на Манчестер Сити планира да му понуди нов договор на шпанскиот репрезентативец Родри, пренесува британски The Mirror.
Родри (28) е член на Манчестер Сити од 2019 година, кога пристигна од Атлетико за 70 милиони евра. За „Граѓаните“ досега има одиграно 257 натпревари, на кои постигна 26 голови. Со клубот има освоено 11 трофеи.
Шпанскиот фудбалер има договор до 30 јуни 2027 година.
Британските медиуми тврдат дека клубот е подготвен да го направи Родри најплатениот играч во тимот. Манчестер Сити подготвил нов договор според кој Шпанецот ќе заработува 375.000 фунти неделно.
Родри годинава со репрезентацијата на Шпанија го освои Европското првенство во Германија. Прогласен беше за најдобар фудбалер на турнирот.