Родри за Винисиус и Златната топка: За мене не би бил ни втор

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, неодамна ја освои Златната топка, односно наградата за најдобар фудбалер во светот, која традиционално ја доделува магазинот France Football.

Сепак, нивниот избор предизвика многу полемики во светот, бидејќи голем дел од фудбалската јавност сметаше дека Винисиус требало да ја добие престижната награда пред Шпанецот. Бразилецот на крајот беше втор по изборот на новинарите, а поради ова на официјалната церемонија во Париз немаше ниту еден претставник од Реал Мадрид.

Сега, кога работите малку се смирија, Родри се потсети на моментот кога се искачи на пидесталот и ја крена Златната топка, а како што тврди искусниот Шпанец, кој нема да се врати на терените до крајот на сезоната поради повреда, бил малку изненаден од извиците од публиката.

„Бев малку во неверување кога половина од салата скандираше 'Винисиус, Винисиус'“, рече Родри, додавајќи:

„Во секој случај, имаше голема почит кон мене од публиката, бидејќи на крајот тие станаа и ми аплаудираа. Златната топка ја наградува постојаноста, тоа е најтешката работа во фудбалот. Не сум тој што треба да кажам дали го заслужив тоа во 2023 година, мислев дека можам да ја освојам по одличната сезона со Сити, а оваа година мислам дека бев уште подобар“, изјави Родри за El Partidazo de COPE.

Признанието му значи многу.

„Сето тоа малку ти го менува животот, имаш период пред и потоа. Многу луѓе ми честитаа, најмногу ме возбуди честитката на Андрес Иниеста, кој исто така требаше да добие наградата бидејќи беше најдобар фудбалер на историјата на нашата земја“, додаде Родри.

Шпанецот тврди дека Винисиус требало да биде трет во изборот за Златната топка - „Ќе го изберев Дани Карвахал за втор, а Винисиус за трет“, храбро рече Родри.

Не го вознемирил бојкот на Реал на официјалната церемонија во Париз. 

„Не ме болеше што ги немаше. Тоа беше мојот момент, со моето семејство, последното нешто на што би помислил е луѓето кои не дојдоа на настанот. Дали добив картичка од Реал? Имаше некои од поранешните играчи како Начо или Хоселу, со кои некогаш играв. Не ми прерчи шпто Винисиус не му честита. Ме интересираат моите луѓе, семејството и клубот. Јас не би го направил она што луѓето од Реал го направија непојавувајќи се, така што нема повеќе смисла да се зборува за тоа“, заклучи играчот од средниот ред на Манчестер Сити.

реклама

Девојка прегазена на пешачки премин пред „Дајмонд мол“ во Скопје

Read more

Украинците се повлекоа од Русија, објавена е снимка: Тоа беше како хорор филм

Read more

Осомничен за пожарот во Кочани: Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот

Read more

Тошковски: Лицето кое ракувало со пиротехничките средства загинало во пожарот

Read more

Фудбал

Во пожарот во Кочани загина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров

Read more

Гризман ќе го напушти Атлетико

Read more

Анчелоти се закани: Последен пат играме ваков натпревар

Read more

Шпански новинар: Модриќ може да му држи приватни часови на Мбапе

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ маестрален во победата на Лејкерс над Санс

Читај повеќе

Во пожарот во Кочани загина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров

Читај повеќе

Гризман ќе го напушти Атлетико

Читај повеќе

Анчелоти се закани: Последен пат играме ваков натпревар

Читај повеќе

Шпански новинар: Модриќ може да му држи приватни часови на Мбапе

Читај повеќе
  • play_arrow

Ника Превц постави светски рекорд во ски-скокови

Читај повеќе

Алими: Ме чека 30 часа пат, но ќе го дадам максимумот за Македонија

Читај повеќе

Црвена звезда јубилејниот роденден ќе го прослави во жолти дресови

Читај повеќе

Кратка приказна за комунистот што играше за клуб со навивачи фашисти

Читај повеќе