Родригез со опомена до Ковач: Ние не сме ти Франкфурт

Фудбалерот на Баерн Минхен, Хамес Родригез, е последниот во низата играчи кои искажаа недоверба кон новиот тренер на тимот, Нико Ковач. Хрватот е на мета на медиумите поради лошите резултати, а Родригез воопшто не му ја олеснува работата.

Играчите на германскиот шампион се сѐ понезадоволни од играта и водството на тимот од страна на Нико Ковач, а некои од нив веќе почнаа јавно да го искажуваат нивното незадоволство.

Во последните три натпревари Баерн забележа еден пораз и два нерешени резултати, од кои последниот дојде во мечот против Ајакс од Лигата на шампионите, каде иако играа на домашен терен, едвај се спасија од налетите на холандскиот тим.

Хамес Родригез, колумбиската ѕвезда која пристигна во Минхен од Реал Мадрид, го критикуваше Ковач поради неговиот однос према тимот, сугерирајќи дека тој можеби не е дораснат да води еден тим од рангот на Баерн Минхен.

„Ние не сме ти Ајнтрахт Франкфурт“, му порача Родригез на неговиот тренер, по киксот на домашен терен против Ајакс во натпреварот од ЛШ.

Атмосферата во соблекувалната воопшто не е пријатна за младиот хрватски тренер, а германските медиуми од ден на ден ги засилуваат шпекулациите дека тој ќе биде отпуштен пред јануарскиот преоден рок.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе