ROG Phone II – Прв поглед на смартфонот за гејмери што стигнува во септември

Првиот ROG гејминг смартфон на Asus беше еден од водечките во оваа сфера, а сега доаѓа наследникот кој ќе ја оправда улогата.

ROG Phone II е фокусиран на подобрување на спецификациите во однос на револуција на дизајнот. Пред сѐ подобрен е дисплејот, така што уредот сега има 6,59-инчен OLED панел со резолуција од 1080p, со интегриран сензор за отпечаток од прст, поддршка за HDR10 стандард и френквенција на освежување од 120Hz.

Времето на реакција е 49 милисекунди, што е најмало во споредба со кој било смартфон. Корисниците ќе може да бираат меѓу стандарден Android или ROG интерфејсот на Asus при нагодувањето на телефонот.

Уредот доби Snapdragon 855 Plus процесор што овозможува за 14% побрзи перформанси на GPU единицата. Системот за ладење на Asus што вклучува комора за испарување и вентилациски отвори ќе овозможи да не дојде до прегревање на уредот.

ROG Phone II има и 12 GB RAM, до 512 GB внатрешна меморија, камера од 48 мегапиксели и батерија од 6.000 mAh што може да издржи повеќе од седум часа играње на популарната игра PUBG ако екранот е поставен на 60Hz.

Првиот ROG Phone беше познат по додатоците, па Asus за наследникот нуди пакет со TwinView dock со дополнителен екран, вентилатор AeroActive Cooler, нов контролор сличен на оној за Nintendo Switch што се спојува од страните.

Цената на смартфонот ROG Phone II што ќе биде достапен во првата недела од септември уште не е позната, но колку за потсетување, првиот чинеше 899 долари.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Гејминг

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Read more

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе