Свет

Рохани за Венецуела: САД се залагаат за светска хегемонија

2. февруари 2019 - 15:50 | МИА
Техеран, 2 февруари 2019 (МИА) – Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ги обвини САД за „светска хегемонија”, тврдејќи дека Вашингтон се обидува да го урне венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

– Американците во суштина се против сите национални револуции и независни држави и со нивното задушување тежнеат за глобална хегемонија, рече Рохани на состанокот со амбасадорот на Венецуела во Техеран.

Иран, кој е под притисок на повторно наметнатите американски санкции, изрази поддршка за Мадуро, кој се соочува со барање од САД да ја напушти власта.

Русија, Кина и Турција, исто така, го поддржаа Мадуро.

Коментирај