Фудбал

Рој Хоџсон е новиот менаџер на Кристал Палас

13. септември 2017 - 9:24 | Kајгана/Макфакс

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Англија, Рој Хоџсон е именуван за нов менаџер на Кристал Палас, соопшти клубот.

Хоџсон на клупата го наследи Франк де Бур кој доби отказ по само 78 дена, откако не успеа да освои ниту бод во првите четири натпревари во Премиер лигата. Кристал Палас и Хоџсон договориле двегодишна соработка.

За 71-годишниот тренер ова е прва работа по 2016 година кога со Англија беше елиминиран во осмина-финалето на Европското првенство од Исланд. 

Коментирај